Што да правиме во случај на повреда или внатрешно крварење?

Епизодите на крварење треба да се третираат што е можно поскоро, од три главни причини:
Колку поскоро се даде соодветниот третман, толку истиот е поефикасен.
Се избегнува долготрајно оштетување на зглобовите и мускулите.
Некои крварења, кои за среќа се случуваат поретко, можат да бидат опасни по живот, како што се оние што се случуваат во мозокот или во грлото.
Во случај на крварење, останете смирени и помогнете му на лицето кое крвари да се чувствува удобно и безбедно. Ако е дете, веднаш контактирајте со неговите родители.
Τα άτομα με αιμορροφιλία εκδηλώνουν αιμορραγικά επεισόδια αυξημένης συχνότητας και διάρκειας συγκριτικά με τον υπόλοιπο πληθυσμό.
И лицата со хемофилија и нивните семејства мора да знаат како правилно да се справат со епизодите на крварења во најкус можен рок, со цел да не се губи драгоцено време. Тоа значи:
Да знаете да дадете прва помош за помалку сериозни крварења.
Да знаете каде да се обратите за итна медицинска помош, во местото на живеење или кога патувате.
Кога патувате, секогаш носете ги потребните документи (картичка за осигурување, медицински извештај, детали за контакт со Центарот за хемофилија и ординирачкиот лекар).
Имајте ги веднаш достапни медицинските информации за видот на хемофилија, спроведениот третман и податок за алергии.
Обезбедете пристап до соодветно лекување, како и опрема за дистрибуција.

Прва помош при помалку интензивни крварења

Мали и површни крварења
При мало и површно крварење, како модринки и посекотини кои не бараат третман, можете да се грижите за раната додека крварењето не престане самостојно. Првично, носете ракавици и исчистете ја областа со антисептичка течност. Потоа, притискајте постојано и подигнете го делот од телото кој крвари, сè додека тоа не запре. Откако крварењето ќе престане, покријте ја областа со антисептик или стерилна газа.
Крварење од нос
При крварење од носот, лицето мора да седи со навалена глава, применувајќи постојан притисок во ноздрата што крвари најмалку 20 минути.
Крварење во уста
При крварење во устата или крварење од забите, нанесете мраз со постојан притисок во тек на 20 минути.
Добро е да се има предвид дека крварењето што не запира, иако првично личи на мало и површно, на крајот може да бара примена на третман.

ОДМОР - МРАЗ - КОМПРЕСИЈА - ПОДИГНУВАЊЕ: 4-те „Волшебни зборови“ за справување со сериозно крварење

Во случај на внатрешно крварење во мускул или зглоб, покрај интравенската администрација на соодветниот третман, постојат голем број на мерки кои помагаат да се забрза опоравувањето на ткивото. Многу е важно лицата со хемофилија и нивните семејства да бидат свесни за овие мерки на претпазливост и да ги применуваат веднаш додека не се прими третман.
Одмор
Повредената рака или нога треба да се потпре на перници, доколку е потребно, и да се имобилизира. Лицето не смее да се потпира или да се движи со таа нога. Ако повредената област треба да одмори подолго, на лицето може да му требаат патерици или други помагала за движење.
Мраз
Напротив, треба да се избегнуваат топли влошки. Директниот контакт на мразот со кожата е штетен, така коцките мраз или мразот мора прво да се завиткаат во чиста крпа. На пример, завиткајте мраз во чиста крпа и ставете го на зглобот што крвави. Држете го мразот 5 минути, а потоа отстранете го најмалку 10 минути. Повторете го третманот онолку долго колку што е зглобот топол.
Компресија
Употребата на благ притисок на зглобот или ставање на завој го стиснува крвниот сад и го намалува крварењето. Не треба да вршите притисок врз мускул кој крвари ако се сомневате дека е повреден нерв.
Подигнување
Подигнувањето на екстремитетот над нивото на срцето го намалува крвниот притисок а со тоа и крварењето па се намалува и отокот.
Референци:

1. WFH. Guidelines for the management of haemophilia. 2012.
Available at: http://www1.wfh.org/publications/files/pdf-1472.pdf
[Accessed 24 October 2019].

Под покровителство: Иницијатор:
Овие информации се наменети да обезбедат општи информации и подигнување на јавната свест и во никој случај не можат да го заменат советот на лекар или друг соодветен здравствен работник.
Share This: