Веб страницата "www.abouthaemophilia.com/mk" е наменета за деца и возрасни со хемофилија, како и луѓе од нивната околина кои сакаат да бидат информирани за ова нарушување на крварењето.Младите посетители на веб страницата, со избирање на делот „Да научиме за хемофилијата“, учат на едноставен и забавен начин што е хемофилија и како изгледа да се расте со таква состојба. Нивен придружник е Хемилиос, десетгодишно момче со хемофилија, кое им дава корисни совети за нивните секојдневни активности, а можат да најдат и игри и видеа со неговите авантури.Ако сте возрасен со хемофилија или родител, наставник или роднина на дете со хемофилија, можете да го изберете делот „Да научиме повеќе за хемофилијата“ и да најдете детални информации за хемофилијата и водењето на состојбата. Во исто време, нашиот блог може да Ве информира за новостите поврзани со хемофилијата.
Овие информации се наменети да обезбедат општи информации и подигнување на јавната свест и во никој случај не можат да го заменат советот на лекар или друг соодветен здравствен работник.