
Безбедносни
упатства

Да ги научиме симптомите на крварење

Кога гледаш како тече крв од посекотина на прстот или гребнатина на коленото, веднаш сфаќаш дека имаш крварење, нели? Сепак, понекогаш, може да имаш крварење без да гледаш крв. Дали знаеш зошто? Бидејќи крварењето се случува во твоето тело. На пример, во мускул, во зглоб или на некое друго место.

Сепак не грижи се! Ако крварењето започне во твоето тело, можеш лесно да го откриеш, ако научиш да препознаеш некои „знаци”, наречени симптоми на крварење.


Ти знаеш дека имаш крварење во зглобот, ако:
1
одеднаш почувствуваш нешто како да те скокотка во зглобот. Ова може да значи дека започнува крварење!
2
полека твојот зглоб станува жежок, отечен и болен
3
имаш тешкотии да го свиткаш лактот или коленото
4
откриваш дека кожата на лактите или колената е истегната или отечена


Ти знаеш дека имаш крварење во мускул, ако:


1
одеднаш почувствуваш нешто како да те скокотка во подколеницата, ногата или раката. Ова е првиот знак на крварење!

2
гледаш нова голема модринка на твојата подколеница, стопало или рака

3
околината се загрева и станува болна

4
околината отекува и станува тврда

5
чувствуваш вкочанетост

6
по некое време ти е тешко да го мрдаш зглобот што се наоѓа во близина на оваа област


Νιώθεις πονοκέφαλο, ζαλίζεσαι, νιώθεις ότι θέλεις να κάνεις εμετό ή αισθάνεσαι την ανάγκη να κοιμηθείς (ειδικά εάν πριν από λίγο χτύπησες στο κεφάλι σου)
Гледаш дека мочката ти е црвена или кафеава
Прочитај повеќе
