Како и секое дете на негова возраст, Хемилиос има многу хобија и се занимава со дневни активности што не се поврзани со хемофилија. Сепак, деновиве, како резултат на преземените мерки како одговор на пандемијата на коронавирус, тој си седи дома.
За да им помогне на децата да се справат со оваа нова ситуација, Хемилиос е водечки лик во серија едукативни видеа каде им нуди на децата неколку идеи и практични совети за тоа како да го поминат своето време во затворен простор на креативен, едукативен и забавен начин.
Секоја епизода во серијалот „Седиме дома и ги следиме корисните совети на Хемилиос“ прикажува различна тема, како на пример:
Епизода 1 – Како да применуваме добра хигиена
Во првата епизода, Хемилиос им објаснува на децата како да практикуваат добра лична хигиена и им помага да ја разберат важноста на личната хигиена за нивното здравје. Видеото можете да го погледнете тука.
Епизода 2 – Учење нови вештини
Во оваа епизода, Хемилиос им сугерира на децата да го искористат своето време дома за да научат нови вештини, како што се врзување на обувките, сечење на ноктите, организирање на плакарот и одржување на нивната соба уредна. Видеото можете да го погледнете тука.
Епизода 3 – Како безбедно да пребаруваме на интернет
Сега, кога децата имаат многу слободно време дома, тие поминуваат повеќе време на интернет. Во оваа епизода, Хемилиос објаснува некои вообичаени закани со кои се соочуваат децата на интернет и како да ги избегнат истите. Видеото можете да го погледнете тука.
Епизода 4 – Учиме и се забавуваме на интернет
Во оваа епизода, Хемилиос предложува неколку идеи како да се забавувате и да научите нови работи на интернет! Видеото можете да го погледнете тука.
Епизода 5 – Подготвување домашни колачи со мајка ми!
Хемилиос е најдобриот готвач! Погледни како и помага на неговата мајка да подготви вкусни и здрави колачи! Може да се забавуваш и ти во кујната со твојата мајка! Видеото можете да го погледнете тука.
Епизода 6 – Организирање забавна семејна вечер
Хемилиос опишува како тој и неговото семејство си поминуваат забавно заедно. Тие пеат караоке заедно, играат омилени игри или гледаат стари семејни видеа. Не мислиш ли дека овие се одлични идеи за организирање забавна вечер во твоето семејство? Видеото можете да го погледнете тука.
Епизода 7- Се грижиме за телото преку вежби
Да останете дома не значи дека не можете да вежбате! Деновиве, Хемилиос и неговата мала сестра остануваат во форма со тоа што прават неколку едноставни вежби во нивната дневна соба и нè покануваат да им се придружиме! Видеото можете да го погледнете тука.
Епизода 8- Како да се грижиме за нашето милениче
Во последната епизода од серијата, ќе дознаеме за омилената активност во затворен простор на Хемилиос: играње и грижа за своето милениче, кучето Тоби! Хемилиос ни ги покажува триковите што ги научил Тоби, и исто така како е сигурен дека неговиот најдобар пријател јаде правилно и останува чист! Видеото можете да го погледнете тука.