Да научиме за хемофилијата

Можеби ти се случила ситуација кога си паднал/а, си ја удрил/а ногата и почнало да ти тече крв. Сепак, потребно е подолго време крвта да престане да тече! Дали знаеш зошто?
Затоа што имаш хемофилија. Ова значи дека на твојата крв и недостасува протеин наречен фактор на коагулација. Постојат вкупно 13 фактори на коагулација и на твојата крв и недостасува еден од нив.
Кога раната крвари, факторите на коагулација помагаат да се запре крварењето. Како и да е, бидејќи на твојата крв и недостасува фактор на коагулација, раната не може брзо да се затвори и крварењето трае подолго.
Покрај тоа, крварењето полесно започнува.

Кои се најчестите места каде може да се јави крварење:

Во зглобовите
Зглобовите ги има во нозете, рацете, прстите и колената. Во принцип, секоја точка каде што две коски се среќаваат и се движат се нарекува зглоб. Обично, крварење може да се случи на лактите, колената или глуждовите, но понекогаш дури и на рамото, колкот или прстот.
Во мускулите
Мускулите се меки делови што ги движат различните делови од нашето тело. Постојат многу мали крвни садови во секој мускул. Ако некој од нив се оштети, тогаш овој мускул крвари.
Дали знаеш што се крвни садови?Тие се цевки кои носат крв од срцето до целото тело. Твоето срце и сите крвни садови заедно го формираат крвоносниот систем.
Дали сакаш да видиш како функционира крвоносниот систем?
ВО СЛУЧАЈ НА КРВАРЕЊЕ, МОЖЕБИ ЌЕ БИДЕ ПОТРЕБНО ДА ПРИМАМ ТРЕТМАН,
СПЕЦИЈАЛНА ИНJЕКЦИЈА КОЈА СОДРЖИ
ЛЕК ПРОТИВ КРВАРЕЊЕ.
ТОГАШ КРВАРЕЊЕТО
ЌЕ ЗАПРЕ.
ТВОИТЕ РОДИТЕЛИ И ТВОЈОТ ДОКТОР ЗНААТ КАКО ТРЕБА ДА ГО ПРИМИШ ТВОЈОТ ТРЕТМАН!

Разоткривање на митовите за хемофилијата

Можеби си чул/а дека хемофилијата е заразна, односно си ја добил/а од некој друг или дека некој може да ја добие од тебе. Ова, се разбира, е мит! Вистината е дека како и сите луѓе со хемофилија, ти си роден/а така.
Друг мит е дека децата со хемофилија воопшто не треба да спортуваат. Знаеш која е вистината? Вежбањето е добро за нас и нè штити од крварење! Само треба да бидеме внимателни да не се повредиме и да ги следиме правилата за безбедност при вежбање!
Да научиме повеќе за
хемофилијата преку
читање на нејзините митови
и вистини.
Под покровителство на: Иницирано од:
Овие информации се наменети да ја информираат и ажурираат јавноста и во никој случај не можат да послужат како замена за консултација со доктор или друг здравствен работник.
Share This: