Се разбира, никогаш не треба да го/ја удриш, ниту вистински, ниту во текот на играта. На крајот на краиштата, не треба да ги удираме другите луѓе.
Понекогаш не треба да играш со него/неа „војна“ или да трчаш низ куќата. Наместо тоа, можете да играте игри на табла, да гледате телевизија или да цртате заедно.
Како се чувствуваш кога родителите минуваат повеќе време со него/неа? Можеби понекогаш ги гледаш родителите како поминуваат повеќе време со него/неа отколку со тебе. Тогаш, може да станеш љубоморен и тажен. Сепак, треба да знаеш дека не го прават тоа затоа што повеќе го/ја сакаат, како што можеби мислиш, туку затоа што понекогаш на него/неа му/и треба повеќе внимание, за да не се повреди, особено ако е уште многу мал/а.
Исто така, ако кај него/неа започнало крварење, особено ако треба да остане неколку дена дома, со гипс или патерици, нормално е дека вашите родители ќе посветат поголемо внимание на него/неа, затоа што треба да се грижат за него/неа се додека тој/таа не се чувствува подобро!
Нормално е понекогаш да бидеш љубоморен/а. Но, помисли, ако во одреден момент ти си повреден, би сакал/а да го имаш целото внимание, нели?
Она што секогаш треба да го запомниш е дека вашите родители те сакаат тебе и твојот брат/сестра подеднакво!