Моите авантури

Хемофилијата не ме спречува да се вклучам во многу активности! Одам на училиште, имам нови пријатели, учам како да свирам флејта, пливам, па дури и дизајнирам свои приказни со стрипови! И ако во некој момент се повредам, знам дека моите родители и пријатели ќе ми прават друштво, за да бидам радосен кога ќе треба да останам дома! Овде можете да ги прочитате сите мои авантури. Моите пријатели и јас ќе бидеме најдобро друштво!

АЈДЕ ДА СЕЗАПОЗНАЕМЕ

Хемилиос е среќно 10-годишно момче кое има хемофилија. Неговата нова соученичка Лила, која неодамна се пресели во неговата населба е тажна. Хемилиос и помага да се чувствува подобро и започнуват убаво пријателство!

ОПОРАВУВАЊЕ ОД ПОВРЕДА

Хемилиос е повреден на коленото и треба да остане дома неколку дена. Неговите родители и пријатели му помагаат да ја надмине повредата и да се врати на училиште, каде Лила подготви големо изненадување за него!
СПОРТОТ Е ЗАБАВЕН
За време на Божиќните празници, Хемилиос и Лила минуваат незаборавни моменти испробувајќи низа различни спортови кои се и забавни и безбедни за Хемилиос кој има хемофилија!

Незаборавно искуство

Хемилиос ќе се натпреварува во финалето по пливање и е среќен што откри дека ќе вежба со европскиот шампион во пливање, Јанис Дримонакос! Во текот на тие два дена, Хемилиос ќе им докаже на сите дека зборот „шампион“ нема никаква врска со бројот на медали што некој ги заработил, туку со позитивниот пристап кон животот!“
Под покровителство на: Иницирано од:
Овие информации се наменети да ја информираат и ажурираат јавноста и во никој случај не можат да послужат како замена за консултација со доктор или друг здравствен работник.
Share This: