Безбедносни
упатства

Да ги научиме симптомите на крварење

Кога гледаш како тече крв од посекотина на прстот или гребнатина на коленото, веднаш сфаќаш дека имаш крварење, нели? Сепак, понекогаш, може да имаш крварење без да гледаш крв. Дали знаеш зошто? Бидејќи крварењето се случува во твоето тело. На пример, во мускул, во зглоб или на некое друго место.
Сепак не грижи се! Ако крварењето започне во твоето тело, можеш лесно да го откриеш, ако научиш да препознаеш некои „знаци", наречени симптоми на крварење.

Ти знаеш дека имаш крварење во зглобот, ако:

1одеднаш почувствуваш нешто како да те скокотка во зглобот. Ова може да значи дека започнува крварење!
2полека твојот зглоб станува жежок, отечен и болен
3имаш тешкотии да го свиткаш лактот или коленото
4откриваш дека кожата на лактите или колената е истегната или отечена

Ти знаеш дека имаш крварење во мускул, ако:

1одеднаш почувствуваш нешто како да те скокотка во подколеницата, ногата или раката. Ова е првиот знак на крварење!
2гледаш нова голема модринка на твојата подколеница, стопало или рака
3околината се загрева и станува болна
4околината отекува и станува тврда
5чувствуваш вкочанетост
6по некое време ти е тешко да го мрдаш зглобот што се наоѓа во близина на оваа област
Чувствуваш главоболка, вртоглавица, се чувствуваш како да ти се повраќа или чувствуваш потреба да спиеш (особено ако непосредно пред тоа си ја удрил/а главата)
Повраќаш
Гледаш дека мочката ти е црвена или кафеава
Ако препознаеш некој од горенаведените симптоми во твоето тело, требаведнашда го кажеш тоа на некое возрасно лице кое е близу тебе (како што се твоите родители или наставници). Тие ќе ти кажат што треба да сториш за да го запреш крварењето и ќе ти помогнат брзо да добиеш лек.
Прочитај повеќе
Под покровителство на: Иницирано од:
Овие информации се наменети да ја информираат и ажурираат јавноста и во никој случај не можат да послужат како замена за консултација со доктор или друг здравствен работник.
Share This: